Пресуда во корист на „Њујорк тајмс“: Пентагон незаконски го ограничува пристапот на новинарите

Американски федерален судија ја блокираше политиката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за ограничување на пристапот на новинарите до Пентагон, согласувајќи се со тврдењата на „Њујорк тајмс“ дека клучните делови од новите владини регулативи се незаконски.
Судијата Пол Фридман, чие седиште е во Вашингтон, ги потврди наводите од тужбата на весникот и пресуди дека новата политика на Пентагон нелегално ги ограничува прес акредитациите на новинарите.
Новинарите од „Њујорк тајмс“, како и бројни други медиуми, ја напуштија зградата на Пентагон пред неколку месеци, не согласувајќи се со ограничувањата воведени од Пентагон предводен од министерот за одбрана Пит Хегсет.
„Њујорк тајмс“ ги тужеше и Пентагон и Хегсет во декември, тврдејќи дека новите правила ги ограничуваат уставните права на новинарите на слобода на говор и правично судење.
Судијата пресуди дека новата политика ги крши Првиот и Петтиот амандман на Уставот на САД, кои ги гарантираат правата на слобода на говор и правично судење.
Пентагон засега нема коментар на одлуката на Фридман.
Њујорк тајмс тврди дека целта е да се замолчи известувањето што е неповолно за администрацијата на Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили
-

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата
-

Сообраќајна контрола во Скопје: Осум возачи затекнати под дејство на алкохол
-

ФФМ: ВАР проверката потврди офсајд, поништен гол на Башкими против Силекс
-

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти
-

Изминатата вечер приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит
-

„Њујорк тајмс“: САД предлагаат Европа повторно да купува руски гас како дел од мировниот план за Украина
-

Приведени двајца турски државјани, а едно лице е во бегство за убиство во обид
