Преспа очекува успешна туристичка сезона
По бројните големи инвестиции во последните неколку години за заживување на со децении запоставената Преспанска Ривиера, одморалиштата долж крајбрежјето, повторно блеснаа во целиот свој сјај.
Обновените плажи во: Претор, Асамати, Крани, како и комплетно новата плажа во Стење, викендов, беа претесни за да ги примат сите посетители. Од ЛС во Ресен, горди на досега постигнатото, денеска и официјално го означија стартот на новата туристичка сезона.
И угостителите кои имаат објекти долж Ривиерата, задоволни се од интересот кај туристите кои во последниве 2-3 години е се поголем.
Инаку, со цел што поголем развој на туризмот во Преспа, локалните власти, освен што посветуваат огромно внимание на обновата на туристичките населби долж Ривиерата, во исто време организираат и голем број авантуристичко - спортски настани за што поголема туристичка промоција на Преспанскиот регион.
-
Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар