Македонија
18. November 2017 - 11:02

Прераспределбата на средствата буџетските корисници на централната власт и фондовите на собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи дваесетта седница.

Единствена точка на дневен ред на седницата е „Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.

Владата на Република Македонија вчера на 39-тата седница ја разгледа и ја усвои оваа Предлог одлука.

Прераспределбата на средства, како што соопшти владината прес-служба, се врши  за да се обезбедат средства за исплата на достасани обврски за сметка на проектите кај кои е забележано позабавено темпо на реализација.