Препукувања меѓу Ципрас и Каменос во грчкиот Парламент
До неодамна коалициските партнери во грчката влада, Алексис Ципрас и Панос Каменос, си упатија остри обвинувања и критики за време на расправата во грчкиот парламент за ратификација на Протоколот за членство во НАТО. Каменос обвини дека тие се замолчени, Ципрас му порача дека не дозволил да стане новиот Самарас, јави дописничката на МИА од Атина.
Лидерот на Независни Грци, кој сам од парламентарната говорница рече дека неговата партија ќе остане без пратеничка група и денес говори последен пат како претседател, му се обрати на премиерот велејќи му дека тие решиле да ги замолчат.
-Како што гледате, денес по мојот говор и веднаш по бришењето на Папахристопулос, беше одлучено Независни Грци да немаме право на збор, на учество во комисиите, правото да постоиме како пратеничка група, рече Каменос во неговиот говор.
Претседателот на Независни Грци истакна дека можеби уште вечерва ќе ја достави неговата оставка од позицијата пратеник додавајќи дека „можеби тоа е најдобро за да сфатите дека постојат луѓе што не се интересираат за фотелјата“.
-Сакам да знаете дека нашата егзекуција не значи многу работи, очигледно за вас не значи апсолутно ништо, покажавте дека сте многу ладнокрвен егзекутор, но егзекуцијата на Македонија значи многу. Егзекуцијата на Македонија која не беше вклучена во нашата владина програма, за нас значи многу повеќе, рече Каменос.
Грчкиот премиер во продолжение зеде збор за да му одговори на Каменос.
-Ќе ми бидете благодарен што навреме го сфатив вашиот политички план да ја турнете владата што ја поддржувавте четири години пред едно национално прашање. И ќе ми бидете благодарен што не дозволив, што спречив во историјата да се запишете како еден нов Андонис Самарас. И мислам дека ќе ми биде благодарен и голем дел од грчкиот народ и левичари и десничари бидејќи храбро, смело, решително продолжив напред за да решам едно прашање во корист на националниот интерес во корист на татковината, порача Ципрас.
Ново на Сител
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар
-
Коенигсег Џеско го победи Римак и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили
-
Светот беше на чекор до победа над детската парализа, сега се заканува нејзино враќање
-
Германскиот канцелар Мерц ги поздрави напорите на Трамп за крај на војната во Украина