Препораките за владеење на правото во собраниските комисии
Експертските препораки за владеење на правото, измените на законите за сметководство, за обврзници, за заштите на децата и за социјална заштита, се дел од темите за кои денеска во законодавниот дом ќе расправаат четири собраниски комисии.
Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање ќе разгледува Информацијата за потребата од формирање Меѓуресорска работна група за изготвување и следење на имплементацијата на Планот за реализација на препораките на групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите.
За истата точка ќе расправа и Комсијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка - следење на комуникациите од страна на МВР, Управат за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.
Комисијата за финансирање и буџет, пак, ќе дебатира за предлог - законите за изменување и дополнување на Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници и на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација.
На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика се Предлог - законот за дополнување на Законот за заштита на децата и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита.
Ново на Сител
-
Автопат кај Виена целосно под вода
-
МНР: Законот за надворешни работи ќе се менува по редовна постапка во Собранието
-
Таравари: Наскоро еден директор на цел Клинички центар и спојување на неколку болници со здравствени домови
-
Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници
-
Мицкоски: Акцијата за даночно затајување е една од низата што ќе следуваат
-
Нова промена на цените на горивата од полноќ
-
Радев се правда: Сиљановска не беше ниту во државна ниту во работна посета
-
Муцунски нема да го прими Радуков на разговор во МНР