Македонија
11. July 2015 - 8:13

Пренос на моштите на св. бесребреници Кир и Јоан

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 јуни.

Денеска е Пренесување на моштите на св. бесребреници и чудотворци Кир и Јоан.

Споменот на овие двајца светители се слави на 31 јануари (стар, јулијански календар). А во 412 година, свети Кирил Александриски ги пренесе нивните мошти од Канопос во Манутин, тогаш незнабожечки град. Откако ги смести нивните мошти во црквата што им беше ним посветена во градот се случија многу исцелувања. Така, преку сведоштвото на овие двајца бесребреници, на кои и по нивната смрт Господ им даде сила да лечат секакви болести, во Манутин полека-полека се утврдуваше верата во Христа.