Премногу седење за време на празниците остава долготрајни последици врз здравјето

Хина – Загреб
Само две недели седење за време на божиќните и новогодишните празници може да остави трајна штета врз здравјето, покажува ново истражување што го пренесува британски Телеграф.
Една британска студија покажала дека здравите луѓе кои дневно прават околу 10.000 чекори, по само 14 дена легачење, имаат драматичен пад на силата и главните показатели за добро здравје. Експертите предупредуваат дека забавувањето на активностите може да биде особено погубно за постарите лица и може да предизвика физиолошки последици кои никогаш не можат да се поништат.
Во истражувањето биле опфатени 47 возрасни лица, од кои половината биле постари од 60 години, а останатите во нивните 20-ти и 30-ти години. На сите им било кажано да ги намалат своите активности на најмногу 1.500 чекори на ден за две недели. На крајот од истражувањето нивото на маснотии во мускулите се зголемило за 20 проценти кај помладите групи и за 28 отсто кај постарата група.
Научниците оценија дека ова откритие е особено важно затоа што сугерира промени во телото кои би можеле да имаат долготрајни, па дури и трајни последици, кои влијаат на метаболичките функции, здравјето на мускулно-скелетниот систем и состојбите поврзани со воспаленија.
Студијата на универзитетот „Ливерпул“ е единствена поради тоа што проучувала здрави луѓе кои одеднаш ги намалиле своите активности. Таквите промени се случуваат и за време на празници или при лоши временски услови или болест. Исто така, регистрирано е намалување на густината на коските, вкупната телесна маса и мускулната маса на нозете.
Научничката Џулиет Норман вели дека обемот на промените забележани за толку кратко време е изненадувачки и предупреди дека треба да се спротивстави на тенденцијата за водење седечки живот. „Во овој период од годината, многумина од нас ќе се релаксираат, ќе јадат и пијат повеќе и ќе вежбаат помалку. Не одложувајте ги прошетките. Оваа студија навистина покажува колку е важно излегувањето секој ден – половина час на ден е доволно за да се спречи надолна траекторија.“
Според проценките на британскиот систем за јавно здравје, околу шест милиони средовечни луѓе во земјата имаат седечки животен стил и 40 проценти од луѓето на возраст од 40 до 60 години не одат со забрзано темпо ниту десет минути еднаш месечно.
Резултатите од истражувањето беа објавени на конференцијата на Физиолошкото друштво.
Ново на Сител
-

Муцунски со честитка за Студентската листа: Им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста
-

Пад на цените на нафтата, денеска РКЕ ќе одлучува за цените на горивата
-

АХВ заплени и уништи 470 килограми месо и внатрешни органи во нерегистрирана комора во Василево | ФОТО
-

САД го охрабриле Орбан да се кандидира за генерален секретар на ОН
-

„Принглс“ нуди 200 години бесплатен чипс на оној што ќе се согласи да биде погребан во нивна кутија
-

Мбапе му донесе победа на Реал над Барселона
-

Како до побрза дигитализација на македонските компании? Андоновски и бизнис-заедницата на иста маса
-

Нетанјаху бара засилена поддршка од Трамп пред изборите - Белата куќа гледа знак на очај
