-->
-->
Премиерот Заев во посета на Босна и Херцеговина
-->
- Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска попладне ја започнува работната посета на Босна и Херцеговина, соопшти владната прес-служба.
Серијата состаноци на македонската владина делегација предводена од премиерот Заев ќе започне со работна средба со делегацијата на Советот на министри на БиХ. По средбата, ќе следи заедничка изјава на премиерот Заев и на претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.
Во вториот дел од денешната агенда, предвидено е учество на премиерот Заев на пленумската сесија „Кон обновата на левицата во Југоисточна Европа“, во склоп на конференцијата „Состојбата во регионот – Проценка од социјалдемократската перспектива“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Дамева бара одговорност за судијата Нанев, тој тврди дека Дамева го омаловажува бидејќи не трпи успешни судии
-
Влада: Договорот на Државната лотарија и Хеј ДООЕЛ не е само штетен, туку и за кривично гонење
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски и Муцунски патуваат во Брисел
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Готов предлогот за есенската кошничка
-
Учениците со посебни потреби добија асистенти