Македонија
13. August 2021 - 9:33

Премиерот Заев ќе се обрати на конференцијата по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор

Премиерот Зоран Заев ќе се обрати на конференцијата „По Охрид“ што ќе се  одржи денеска во Скопје по повод 20-годишнината од Охридскиот договор.

Како што најави владината прес-служба Заев ќе се обрати на лидерската сесија.

Конференцијата е во организација на  Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во соработка со Програмата за изградба на мирот и човековите права на Универзитетот на Колумбија.