-->
-->
Премиерот Никола Груевски ги додели признанијата Амбасадори на спортот
-->
Премиерот Никола Груевски на Андон Дончевски, Јошко Миленковски, Кире Лазаров, и Агим Ибраими, им ги додели плакетите Амбасадори на спортот на Република Македонија.
За нивниот придонес во спортот, а преку него и афирмацијата на Република Македонија, Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска на Андон Дончевски, Јошко Миленковски, Кире Лазаров, и Агим Ибраими, им ги додели плакети на Амбасадори на спортот.
Согласно Законот за спорт, титулата амбасадор на споротот им се врачува на истакнатите македонски спортисти и тренери за промоција и афирмација на Република Македонија во земјите каде што ја остваруваат својата спортска кариера или, пак, останатата спортска активност.
Легендата на македонскиот фудбал и првиот селектор на Македонија, Андон Дончевски не го криеше задоволството за добиеното признание. „Ова е најпрестижното признание кое сум го добил во животот. Со него го вреднуваат трудот кој сум го дал во Вардар и репрезентацијата на Македонија’’, изјави Дончевски.
На ваквото мислење на Дончевски се надоврза и поранешниот селектор на одбојкарската репрезентација на Македонија, Јошко Миленковски, кој подолг период работи во Република Турција. „Голема е привилегијата е да се биде меѓу овие врвни спортисти, легенди на македонскиот спорт. Веќе пет години го презентирам нашиот спорт, одбојката, во Турција. Мислам дека тоа го правам успешно, а се надевам дека ќе ги така ќе продолжам и во иднина. Задоволство е да се добие вакво признание, како валоризација за се она што го работам години наназад’’, изјави Миленковски.
Капитенот на ракометната репрезентација Кирил Лазаров дополни дека ова признание е дополнителен мотив и во иднина преку своите настапи ширум Европа и светот, ќе се труди во најдобро светло да ја претстави својата татковина. „Македонија е спортска нација. Македонскиот народ единствено може да го сплоти македонскиот спорт, а ние како избрани, ќе пробаме во уште поголеми размери да ја презентираме нашата земја’’, изјави Лазаров.
Фудбалерот на словенечки Марибор, репрезентативецот на Македонија, Агим Ибраими. „Чест ми е што го добив ова признание и се надевам и верувам дека и во иднина ќе дадам се од себе да ја презентирам Македонија во најдобро светло’’.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка