Македонија
16. February 2022 - 21:16

Премиерот Ковачевски за растот на пензиите, растот на горивата и цените и односите со опозицијата

Зголемување на пензиите , но и дополнителна  финансиска помош  за пензионерите поради економската криза, најави премиерот Ковачевски во вечерашното интервју на Сител. Кон крајот на неделава ќе започнат и преговорите со пензионерските здруженија, на кој треба да се договори новата методологија на пресметка со која примањата на највозрасната група граѓани треба да пораснат. Се прават и анализи кои треба да покажат колку ќе изнесува финансиската помош.

Ковачевски не прецизираше како точно ќе се интервенира кај цените на горивата, кои последниве недели постојано растат, но посочи дека станува збор за глобален проблем кој ќе се разгледува.  За заштита од нови ценовни шокови по замрзнувањето на цените на основните производи, рече дека се сега се разгледува опцијата да се ограничат маржите на трговците.

Во однос на обвинувањата на лидерт на ВМРО – ДПМНЕ , Мицкоски дека владата води “шверцерски” разговори со Бугарија, Кoвачевски уверува дека сите преговори се транспаретни и се споделуваат  со јавноста.

Тврди дека разговорите  се во  духот на европските вредности и дека за идентитеските прашања на македонскиот народ воопшто не се разговара.