Премиерот Ковачевски во прва посета на Брисел
Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска и утре првпат откако е на функција ќе оствари посета на седиштата на ЕУ и НАТО во Брисел.
Ковачевски утрово ќе се сретне прво со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На средбата ќе бидат присутни и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Предвидена е заедничка прес-конференција на Ковачевски и Столтенберг околу 9.30 часот.
Попладне премиерот Ковачевски ќе има средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел како и со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.
Средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е предвидена в петок претпладне.
Димитар Ковачевски ќе има средби со и членови на Европскиот парламент и со поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан.
Што се однесува до сегашниот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји, тој се наоѓа на пат, информираа од Европската комисија.
Освен Османи и Петровска, премиерот Ковачевски во Брисел ќе го придружува и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Ново на Сител
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
-

Мајмунчето Мики го прослави својот прв роденден, но подароците исчезнаа
