Премиерот Ковачевски во официјална посета на Германија
Премиерот Димитар Ковачевски денеска е во официјална посета на Берлин, Сојузна Република Германија, на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц. Во седиштето на Владата на Сојузна Република Германија, како што е најавно, е предвиден официјален пречек со државни почести, средба меѓу премиерот Ковачевски и канцеларот Шолц, заедничка прес-конференција на премиерите, како и работна билатерална средба и вечера на двете официјалните делегации.
Главниот фокус на разговорите, како што е најавено, ќе бидат билатералните односи и соработка меѓу Северна Македонија и Сојузна Република Германија, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Дополнително, теми на разговор ќе бидат и германската поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат, реформскиот процес насочен кон исполнување на стандардите на ЕУ и други актуелни прашања од регионален и европски безбедносен аспект.
Во состав на делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски, се и заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, како и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Во рамки на официјалната посета, премиерот Ковачевски ќе учествува на експертска дискусија во организација на фондацијата Фридрих Еберт (Friedrich Ebert Stiftung) и ќе има средба со претставници на здруженија на македонски иселеници во Берлин, а ќе има и работна средба и со главниот извршен директор на Дојче Телеком, Тимотеус Хотгес.
Ново на Сител
-
Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени
-
Грчката фрегата во Аденскиот залив интервенирала и соборила дронови
-
Русија тврди дека уништила два лансири за ракети „Патриот“ во регионот на Одеса
-
Околу 50 лица се удавија, од кои седум деца, во руските реки, езера и мориња во последните 24 часа
-
Денеска е Светски ден на чоколадото
-
Обилните дождови предизвикаа свлечиште во Непал, загинаа најмалку 14 лица, девет се водат за исчезнати
-
Владина делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон - јакнење на билатералните односи со САД и афирмирање на земјава како стабилен партнер
-
Симовски: Имаше јаки притисоци на Бугарија пред пописот во Албанија