Премиерот Груевски во посета на САД на средба со потпретседателот Бајден
Во функција на интензивирање на билатералните односи и меѓусебната соработка, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска ќе оствари посета на Соединетите Американски Држави.
Во рамки на посетата, премиерот Груевски во Белата Куќа во Вашингтон ќе се сретне со потпретседателот на САД, Џо Бајден.
Се очекува теми на разговор со американскиот потпретседател Бајден да бидат активностите за продлабочување на меѓусебните односи и соработка, реформите во Македонија и демократските процеси, зголемувањето на економската соработка и трговските односи, безбедносни прашања и интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ.
Од Владата на Република Македонија ги потврдија информациите на МИА.
Ова е втора средба на премиерот Груевски со американскиот потпретседател Бајден. Првата нивна средба се случи во февруари 2011 година.
Оваа претстојна средба е значаен чекор во унапредувањето на односите меѓу двете земји.
Република Македонија и САД се пријателски земји и имаат блиски меѓусебни односи. Двете земји имаат потпишано и Декларација за стратешко партнерство и остваруваат блиска соработка на политички и економски план.
Ново на Сител
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица
-
Исчезнала 21-годишна девојка од Шуто Оризари
-
Здравствена работничка нападната пред угостителски објект од 24-годишна жена
-
Прегазен 69-годишен пешак во тетовско
-
Сообраќајка во Кочани - тешко повредено едно лице
-
Земјотрес од 5,3 степени го погоди западот на Турција
-
Песков: Путин е подготвен да се сретне со Трамп во Москва