Македонија
12. November 2015 - 10:39

Премиерот Груевски во посета на Охридско

Премиерот Никола Груевски денеска ќе ја посети општина Охрид каде што ќе присуствува на поставување камен-темелник за изградба на затворен базен во спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“.

Покрај тоа, ќе го посети Институтот за филм – Филмска академија Охрид, ќе присуствува на пуштањето во употреба на реконструирана улица „Ристо Чадо“ со изградена фекална канализација и тротоари во населба Видовиште и ќе има средби со жителите на населбата.

Премиерот ќе има средби и со жителите на селата Лескоец и Велгошти, а ќе изврши увид и во градежните активности за изградба на автопатот Кичево-Охрид.