Премиерот Димитриев се сретна го грчкиот министер за надворешни работи Коѕиас
Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕиас.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Димитриев ја истакнал потребата за пронаоѓање сфери и области кои ќе придонесат за зближување на двете држави и воспоставување на билатерални соработки.
- Република Македонија се залага на градење на позитивна клима и пријателство, и подготвеност да се разговара за надминување на отворените разлики. Потребен е објективен пристап и искрена волја за постигнување на решенија, како и разумност да се премостат разлики кои сега се премногу големи, истакнал премиерот Димитриев.
Спроведувањето на мерките за доверба, според него, претставува добар пример за тоа дека постои потреба за зближување на двете држави и дека е можно воспоставување на добри релации.
Премиерот Димитриев посочил дека во овој момент се добредојдени сите чекори кои ќе значат позитивни сигнали и моменти на зајакнување на довербата во овој процес, особено, како што рекол, во насока на реализација на стратешките интереси за членство на државата во ЕУ и НАТО алијансата, каде пречка е токму билатералниот спор за името. Додал дека на двете земји им се потребни чекори кои ќе значат решенија за иднината, наместо решенија за минатото.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, повеќе се повредени на лет од Лондон кон Сингапур по големи турбуленции
-
Михаил Гацов освојува злато за Италија и сонува да се бори за Македонија
-
Директорката Иљази им забрани на вработените да даваат изјави за медиумите
-
Безживотно тело на маж извлечено од водите на Вардар во центарот на Скопје
-
Земјоделци од селата Иловица и Штука го блокираа патот заради ниските откупни цени на младиот компир
-
Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал
-
Денеска и утре нестабилно со пороен дожд
-
Почина 32-годишник, излетал од патот со автомобил