Премиери од регионот гости на Самит 100
Четворица премиери од регионот денеска ќе бидат учесници на панел на тема „Дали регионот може да се натпреварува на глобалниот пазар?“ на Самит 100 што од вчера се одржува во Скопје.
Потврдено е учеството на премиерот на Република Македонија Зоран Заев, претседателот на Советот на министри на БиХ Денис Зиздиќ, премиерот на Албанија Еди Рама и премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ.
Премиерите ќе дебатираат и на темите за енергијата, за економиите засновани на знаење, за брендирањето, за дигиталната економија и за стратегиите за поврзување на регионот и за заеднички иницијативи во областа на туризмот.
На Самитот учествуваа над 150 бизнис лидери од Југоисточна Европа, министри и претставници на Европската унија.
Поврзувањето е клучната тема на Самит 100 во Скопје, односно поврзување во различни области и на различни нивоа.
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ