-->
-->
Премиера напретставата „Огнена љубов“ во крива Паланка
-->
Претставата „Огнена љубов“ во режија на Глигор Цветковски синоќа беше изведена премиерно на сцената во Националната установа Центар за култура, Крива Паланка.
Станува збор за пиеса, адаптирана верзија на текстот „На игла“ на еминентниот српски драматург, Владимир Ѓорѓевиќ.
- Членовите на драмското студио при НУЦК Крива Паланка ја изведоа претставата пред бројната публика од различни возрасти. На сцената прв пат настапија новите членови на студиото од помладите генерации изадоволен сум од нивната изведба, рече режисерот Глигор Цветковски.
Ова е 12-татеатарска пиеса во негова режија на матичната сцена при Центарот за култура.
- Самата претстава носи еден актуелен горлив проблем со кој се соочуваат младите, а тоа е темата на зависнисноста од дрога и опијати. Како опозит на ова современо зло, пиесата ја носи пораката на љубовта која е темелна универзална, основна човечка вредност и победува се, додаде Цветковски.
„Огнена љубов“ ќе биде прикажана и пред основците и средношколците од градот, како таргет група до која е упатена пораката на претставата, а пиесата ќе гостува во неколку македонски градови, и во Р.Србија.
Цветковски нагласи дека се подготвуваат и за фестивалот за млади актери, „Варошко позориште“, Хистрион-Прокупље, Република Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре повторно бојкот на маркетите, министерот за економија најави нови мерки
-
Мицкоски: Одлуката на Уставен е конечна, ќе најдеме решение поединечно со компаниите
-
Се мапираат локалните предизвици
-
ИЈЗ: За една недела има над 3000 болни од грип – пријавени и два смртни случаи
-
Наместо нов Клинички, ГОБ 8-ми септември ќе станува регионален центар
-
Само електонски индекси од октомври?
-
ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе донесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски Совет
-
Камбовски: Според сегашните закони само Советот може да ги разреши членовите