Премиера на претставата „Првин ќе ме земеш после ќе ме…“ во Театар Комедија
Премиерата на претстaвата „Првин ќе ме земеш после ќе ме…“ во продукција на „Театар КРИК-Скопје“ вечер ќе биде изведена во Театар Комедија.
Дејствието на претставата се случува овде и сега, во еден реален временски интервал, за време на едновечерна средба „на слепо“, помеѓу лекторката Кети-Мјау Соколовска и ветеринарот Ѓорѓи Мучев. ...Тој, маж со неуспешен брак зад себеси, решен - никогаш повеќе да не се жени и на оваа средба гледа само како на едновечерна авантура... ...Таа – девојка со веќе донесена одлука - да се мажи на оваа средба, уште истата вечер. Ваквите контра очекувања, оваа средба ја прават исполнета со многу конфликтни ситуации кои во одредени моменти водат до точка на безизлезност.
По пат на гласање публиката ќе одлучува по која од понудените варијанти ќе се гради претставата, така што секоја нова реприза ќе биде по многу сцени поразлична од претходната изведба.
Режијата е на Ѓорѓи Ризески, сценографијата на Роберт Ристов, а костимографијата на Елена Лука. Играат Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Дарко Вељиќ. Продуценти на претставата се Роберт и Мирјана Ристов.
Ново на Сител
-
Мерко ослободен за набавката на аудито
-
Јужнокорејскиот претседател и јапонскиот премиер се договорија да ги зајакнат врските
-
За една недела санкционирани 101 непрописно паркирани возила во Центар
-
Најмалку 56 уапсени во Лос Анџелес поради учество на протестите против рациите на имигранти
-
Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-
Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа во Малезија
-
Нови цени на горивата
-
Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година