Премиера на претставата „Благородникот“ на Охридскиот театар
Актерите на охридскиот Народен театар утревечер премиерно ќе ја изведат претставата „Благородникот“ од Жан Батист Молиер, во режија на Дејана Николовска.
Претставата, како што истакнаа на денешната прес-конференција актерите, е реална и загрижувачка рефлексија на светот со паднати вредности и заканувачката моќ на глупоста да доминира врз интелигенцијата, умереноста и приземноста како принципи врз кои се темели едно здраво општество.
Изборот да се постави ова дело на еден од најголемите комедиографи во светската драматургија Молиер, според драматургот Кристина Тодороска-Петреска доаѓа во вистински момент.
- Делото кореспондира со актуелните општествени кризи, кога елитата и интелектуалата се принудени замолчено да коленичат пред вртоглавата обземеност со материјална моќ, истакна Тодороска-Петреска.
Режисерката Николовска посочи дека изминатиот месец и половина работеле интензивно на обемен материјал по текст, кој, како што рече, е своевидна дијагноза за тоа што денес се случува во општеството.
- Текстот е своевидна дијагноза за тоа што денес се случува во нашето општество, каде се мисли дека преку ноќ може се да се купи и преку ноќ да се стане било кој и било што. Тие наметнати нови вредности прават чуда со луѓето и ние сме сведоци дека секој ден во нашето опкружување поставени се луѓе на места кои не се во позиција да носат решенија, сетоа тоа носи последици, а сите ние сме заложници, рече Николовска.
Главниот лик во претставата, тапчото Журден, кој потсеќа на новопечен парајлија од чија што скапа кола трешти турбо фолк го игра актерот Стрезо Стаматовски.
- Го играм ликот на благородник кој ја има моќта на парите, но не и моќта на титулата. Она кое со векови наназад човекот го жари е токму тоа моќта што ја дава титулата, а не парите, што е и ден денес присутно во повеќе сегменти, истакна Стаматовски.
Освен Стаматовски во претставата играат и Никола Тодороски, Елизабета Стефановска, Филип Кипровски, Христина Цветаноска, Јасмина Билаловиќ, Сашо Ристовски, Ивица Цонев, Павел Маслов, Лазар Милошески и Марија Неданова-Симјаноска.
Ново на Сител
-
Обвинение за убиството кај „Мавровка“, го убил од користољубие, пукал и кон полицијата во обид да избега
-
Ванделт: Не ни е познато дека некој од германските инвеститори планира кратење на работни места
-
Азески: Да одиграме многу внимателно во 2025 година за да немаме тешки последици
-
Агелер без коментар за чекорите на Обвинителството по американското јавно назначување на функционери за корупција
-
Груби за Косово заминал со дипломатско возило непосредно пред полициската акција
-
На Самитот ЕУ-Западен Балкан нема да се разговара за уставните измени, посочуваат извори од Европскиот совет
-
Макрон му постави рок на новиот премиер Бајру да формира влада
-
Ѓорѓиевски: Се гледам како иден градоначалник на Скопје и за кратко време би го решил хаосот во градот