Премиер загина во сообраќајка по посетата на Сирија
Премиерот на грузиската сепаратистичка област Абхазија, Генадиј Гагулија доцна синоќа загина во сообраќајна несреќа додека се враќал од аеродром по посетата на Сирија, изјави секретарката на регионалната влада Дијана Зантарија.
Во автомобилот, во кој се наоѓал премиерот, удрило возило од спротивен правец, управувано од млад жител на Абхазија. При анализата не било откриено присуство на алкохол кај младиот возач, но затоа бил позитивен на наркотици. Обвинителството веднаш поднело кривична пријава против него.
Во несреќата биле повредени возачот на Гагулија и еден телохранител, но брзо биле пуштени од болница. Во колоната која патувала со Гагулија се наоѓал и претседателот на Абхазија, Раул Хаџимба, но тој не е повреден.
Абхазија се наоѓа на брегот на Црно Море, во северозападниот дел на Грузија.
МИА
Ново на Сител
-
Шкендија со порaз oд Силекс слави титула во ПМФЛ
-
Кремљ потврди дека се подготвува телефонски разговор на Путин со Трамп
-
Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски во понеделник
-
Американец за кого постои сомневање дека е заразен со ебола имал контакт со најмалку 26 Чеси
-
Повеќе од 150 делегации се регистрираа за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
-
Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам
-
УХМР: До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст
-
МВР: Пријава за угостител кој точел алкохол на малолетно лице во Македонска Каменица