-->
-->
Премиер лигата следна дестинација за Гвардиола
-->
Тренерот на германскиот шампион Баерн Пеп Гвардиола не го продолжи договорот со клубот од Минхен бидејќи негова желба е да работи во Премиер лигата.
- Причината поради која не го продолжив договорот со Баерн е едноставна. Сакам да работам во Премиер лигата. Немам решено во кој клуб ќе продолжам со работа. Мислам дека сум во вистинските години и дека тоа е вистинскиот потег за мене, изјави Гвардиола на прес конференција.
Актуелниот тренер на Баерн потенцираше дека е среќен и благодарен на Баерн што клубот имал доверба во него. 44-годишниот Гвардиола истакна уште:
- Сакам да видам нови стадиони, градови, ресторани. Три години во еден клуб е сосема доволно.
На местото на Гвардиола како тренер ќе дојде Карло Анчелоти, а тој ја поздрави одлуката дека веќе се знае неговиот наследник и дека има желба оваа сезона со Баерн да ја освои титулата во Лигата на шампионите.
Медиумите навестуваат дека Гвардиола би можел да биде менаџер во една од трите екипи од Премиер лигата: Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед или Челзи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мадбули: Египет внимателно ја следи ситуацијата во регионот по израелската воена операција во Иран
-
Реакции на земјите ширум светот на израелскиот напад врз Иран
-
Возејќи мопед под дејство на алкохол удрил во малолетничка, приведен возач во Радовиш
-
Израел соборува ирански дронови над Саудиска Арабија
-
Апел на МНР: Избегнувајте патувања во Израел и Иран
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Се трага по Владимир од Штип
-
Повеќе од 200 борбени авиони учествуваа во нападите врз Иран
-
Откажани летови низ Блискиот Исток