Премиер лигата може да продолжи на 17 јуни
Англиските клубови во Премиер лигата се согласија да ја продолжат сезоната по средината на јуни. Во овој случај, првенството треба да заврши до 1 август.
Според „Телеграф“, продолжувањето на сезоната ќе се случи во среда на 17 јуни. Овој ден ќе има две презакажани средби – Астон Вила ќе биде домаќин на Шефилд јунајтед, а Манчестер сити ќе игра дома со Арсенал.
Распоредот беше објавен на состанокот на акционерите во лигата. Понатамошните натпревари ќе се одржат на 19 и 20 јуни.
Претходно, на клубовите во Премиер лигата им беше дозволено да спроведат тренинзи со контакти. Пред тоа, тие тренираа индивидуално или во мали групи.
Шампионатот на Англија беше суспендиран на 13 март поради пандемијата на коронавирус, преостанатите 92 натпревари беа одложени на неодредено време.
Ново на Сител
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции