Фудбал
6. November 2016 - 15:50

Премиер лига: Тотенхем му одолеа на Арсенал

Арсенал и Лондон одиграа 1-1 во дербито на северен Лондон, кое го обележа сеуште некомплетното 11-то коло во Премиерлигата.
 
Интересен меч, со висок ритам, во кој Арсенал и Тотенхем имаа свои добри периоди во играта, одиграа северно лондонските ривали.
 
Конечниот резултат реално го отсликува она што се случуваше на теренот. Арсенал постигна гол во 42.минута. Езил изведе слободен удар, нафрли во срцето на шеснаесетникот, Вимер имаше намера топката да ја исфрли о корнер но таа заврши зад грбот на Љорис.
 
Тотенхем иззрамни од пенал во 51.минута. Кошелни го собори Дембеле, Клатембург покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Кејн.
 
Двата тима по еднаш ја погодија рамката од голот, Волкот за Арсенал во првото, а Ериксен за Тотенем во второто полувреме.
 
Арсенал по ова коло го дели второто место со Манчестер Сити, овие да тима имаат по 24 бода, еден помалку од лидерот Челзи, а Тотенхем има 21 бод на петтото место.