-->
-->
Премиер лига: Тотенхем ја наполи мрежата на шампионот Лестер
-->
Фудбалерите на Тотенхем постигнаа убедлива победа на гостувањето кај Лестер со 6:1 во заостанатиот натпревар од 34.коло. Тотенхем до победата стигна со четирите голови на Хари Кејн (25, 63, 88 и 90+2 минута) и со двата гола на Сон Хеунг-Мин (36 и 71). Стрелец на голот за Лестер беше Бен Чилвел (59) што беше негов прв гол во дресот на Лестер.
Со головите постигнати на синоќешниот дуел Хари Кејн изби на првото место на листата на стрелците во Премиер лигата со 26 голови, пред Ромелу Лукаку со 24 и Алексис Санчез со 23.
Тотенхем со триумфот се зацврсти на второто место со 83 бодови, додека Лестер е на 11.место со 43 бодови.
Во последното коло кое се игра во недела од 16 часот ќе се решава само прашањето за кои екипи ќе бидат пласирани на третото и четвртото место, а во конкуренција се Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал.
Табела: Челзи 90 бодови (првак), Тотенхем 83, Манчестер Сити 75, Ливерпул 73, Арсенал 72, Манчестер Јунајтед 66, Евертон 61, ...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Исчезнала 21-годишна девојка од Шуто Оризари
-
Здравствена работничка нападната пред угостителски објект од 24-годишна жена
-
Прегазен 69-годишен пешак во тетовско
-
Сообраќајка во Кочани - тешко повредено едно лице
-
Земјотрес од 5,3 степени го погоди западот на Турција
-
Песков: Путин е подготвен да се сретне со Трамп во Москва
-
НАТО го засилува присуството на Балтикот откако во Данска се видени дронови
-
Лишени од слобода двајца Скопјани, при претрес пронајдена марихуана