Фудбал
22. October 2017 - 19:06

Премиер лига: Победи за лондонските екипи

Последните два натпревара од 9.коло од Премиер лигата кои беа воедно дуели на екипите од Лондон и од Ливерпул завршија со победи на лондонските екипи Арсенал против Евертон 5:2 и Тотенхем против Ливерпул 4:1.

На Вембли Тотенхем брзо победе со головите на Кејн (4.минута) и Сон (12), а намали Салах (24). Деле Али зголеми на 3:1 (45+2) и конечните 4:1 ги постави Кејн со вториот гол (56).
На дуелот на Гудисон парк Арсенал победи иако Евертон поведе во 12.минута преку Руни. Следуваа головите на „топџиите“: Монреал (40), Озил (53), Лаказет (74), Ремзи (90), потоа намали Ниасе (90+3), а конечните 2:5 ги постави Санчез (90+5).