Фудбал
12. September 2017 - 8:21

Премиер лига: Мане три натпревари на „ладење“

Дербито на 4.коло од Премиер лигата за Ливерпул заврши катастрофално со пораз од Манчестер Сити со 5-0. Уште поголем проблем е исклучувањето на играчот на „црвените“ Садио Мане во 37.минута при резултат 1-0 за противникот.
Во обид да стигне прв до топката тој високо ја крена ногата и го удри противничкиот голман Едерсон, кој беше надвор од шеснаесетникот.Судијата Џонатан Мос веднаш му покажа црвен картон.
За исклучувањето Мане доби три натпревари суспензија, а Ливерпул најави жалба за висината на казната.
Тој ќе ги пропушти натпреварите со Барнли (дома), со Лестер (гости) од Премиер лигата, како и гостувањето кај Лестер од Лига купот.