-->
-->
Премиер лига: Ливерпул едвај до три бода со Барнли
-->
Екипата на Ливерпул со пресврт успеа да стигне до победата во единствениот натпревар од 28.коло од Премиер лигата одигран денеска. Ливерпул го совлада Барнли со 2:1. Гостите поведоа во 7.минута преку Ешли Барнс. Џорџинио Вајналдум изедначи во судиското надополнување на првиот дел (45+1 минута), а победата на „црвените“ им ја донесе Емре Џан во 61.минута. Ливерпул со трите бодови има вкупно 55 и се зацврсти на четвртото место.
На вчера одиграните дуели од оваа рунда: Евертон – ВБА 3:0, Хал – Свонси 2:1 и Бурнемут – Вест Хем 3:2. Во средата Манчестер Сити и Стоук одиграа 0:0.
Другите натпревари од ова коло се одложени поради четвртфиналните дуели од ФА купот.
Табела: Челзи 66 бодови, Тотенхем 56, Манчестер Сити 56, Ливерпул 55, Арсенал 50, Манчестер Јунајтед 49, Евертон 47,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ перспектива?
-
САД ја обновува воената помош за Украина, како ќе постапи Македонија?
-
80 години Црвен крст – потпишан меморандум со универзитетската фела
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство