-->
-->
Премиер лига: Лестер уште чека за титулата
-->
Екипата на Лестер попладнево одигра нерешено 1:1 на гостувањето на „Олд Трафорд“ кај Манчестер Јунајтед и со тоа барем за еден ден или едно коло е одложена промоцијата на Лестер во нов првак на Англија. На лидерот Лестер за да стигне до титулата потребно е Тотенхем да не победи на утрешното гостување кај актуелниот првак Челзи или Лестер да победи на еден од следните два натпревара.
Инаку, Манчестер Јунајтед поведе во 9 минута со голот на Антони Марсијал, а изедначи Вес Морган во 17 минута.
На другите два дуела од 36.коло од Премиер лигата одиграни попладнево: Свонси – Ливерпул 3:1 и Саутемптон – Манчестер Сити 4:2.
Резултати на вчерашните натпревари: Арсенал – Норвич 1:0, Евертон – Бурнемут 2:1, Њукасл – Кристал Палас 1:0, Стоук – Сандерленд 1:1, Вотфорд – Астон Вила 3:2 и ВБА – Вест Хем 0:3.
Табела: Лестер 77 бодови, Тотенхем 69, Арсенал 67, Манчестер Сити 64, Манчестер Јунајтед 60, Вест Хем 59, Саутемптон 57, Ливерпул 55,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?