Преку форуми во заедницата до реконструкција на детската градинка во Виница
Реконструкција на покривот и хортикултурно уредување на стариот објект на детската градинка „Гоце Делчев“ е проектот кој произлезе од петте форумски сесии кои се оддржаа во општина Виница.
За текот и резултатите од проектниот форум денеска информираше амбасадорката на Швајцарија во Македонија Сибид Зутер Техада.
- Сакам да им честитам на граѓаните на општина Виница за трпението што го покажаа во реализацијата на проектот форуми во заедницата. Иако за реализацијата на прокетот постоеја соодветни проблеми, сепак општина Виница изнајде начин да се најде решение и да се реализира овој прокет, истакна швајцарската амбасадорка Зутер Техада.
Со спроведувањето на проектниот форум, и активното учество на граѓаните, Виница само уште еднаш ја потврди својата транспарентност и отчетност, изјави градоначалникот Емил Дончев по одржувањето на последната сесија од форумот во заедниците на која беа финализирани прокетите кои ќе се градат со средствата наменети од форумска сесија.
-Општина Виница со право го носи епитетот транспарентна општина. Преку овој форум разговаравме за повеќе прокети, но сепак заеднички со граѓаните го избравме проектот за реконструкција на покривот и хортикултурно уредување во старата детска градинка во Виница, рече Дончев.
При својот престој во Виница амбасадорката Техада го посети и разгледа и Музејот „Теракота“ каде можеше да ги види надалеку познатите теракотни икони од Виничкото кале.
Ново на Сител
-
Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2025 - 2027
-
Дачиќ утре доаѓа во Македонија - во Куманово ќе се сретне со Тошковски
-
Девизните резерви на крајот на септември 4,4 милијарди евра
-
Багерист во Мирковци пронашол експлозив
-
Кривична против седум лица за „несовесно работење во службата“ - Предизвикале штета на државниот буџет во износ од 32,000 евра
-
Кривична пријава против 50 годишен скопјанец - Нападнал полицаец во амбулантното одделение во затворот Идризово
-
Малолетници нападнале соученик и се обиделе со тврд предмет да го силуваат
-
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер