-->
-->
Преку 80 проценти од млекопроизводителите во Кумановско поднеле барања за субвенции
-->
Околу 85 проценти од производителите на млеко од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане досега поднеле барања за субвенции за произведено и предадено млеко во производните капацитети, соопшти денеска Подрачната единица на Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
- Деновиве очекуваме и останатите сточари да ги достават откупните белешки за произведено и предадено млеко за мај, јуни, јули, август и септември за мерката 2.4 за кравјо и овчо млеко по што ќе бидат обработени од операторите, изјави Бранкица Димковиќ од Подрачната единица.
До денеска апликација поднеле 950 сточари. И во оваа фаза надлежните очекуваат за субвенции за млеко до крајот на утвредниот рок, 5 ноември, да аплицираат околу 1.200 - 1300 производители на млеко од кои 80 отсто аплицираат за произведено и предадено кравјо млеко, а 20 отсто за овчо и којзо млеко.
- Производителите не трбаа да чекаат последен ден, туку треба што поскоро да ги достават откупните белешки зашто ако задоцнат, поради електронското поднесување на барањата податоците нема навреме да се процесуираат па барањето нема да може да се разгледува, апелира Подрачната единица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари