-->
-->
Преку 1.000 маски на карневалот „Прочка“ во Прилеп
-->
Над 1.000 маскирани од земјава и странство денеска дефилираа во центарот на Прилеп, на булеварот „Гоце Делчев“ и на плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ на меѓународниот карневал „Прочка 2017“.
Дефилето на плоштадот го отвори препознатливата прилепска маска „Мечкари“.
Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески карневалот прерасна во бренд на Прилеп и Македонија.
- Денеска на карневалот „Прочка дефилираат преку 1.000 маскирани од Прилеп, земјава и гости од Италија, Бугарија, Албанија и од Србија. На карневалот има мнолгу креативни маски и ова е своевиден спектакл. „Прочка“ е туристички бренд не само на Прилеп туку и на Македонија нека е за многу години и нека ни простат сите ако сме им згрешиле, рече Ристески.
За Ванчо Ѓеоргиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“ е многу битно и што прв пат се одржа Меѓународна конференција на етнолозите од Србија, Бугарија и од Македонија за карневалските традиции на Балканот, а за прв пат дојдоа организирано и туристи од Бугарија.
- Прилепскиот карневал „Прочка“ прераснува од европски и во светски. Многу е важно што етнолозите од Балканот вчера дебатираа на првата научна конференција за карневалските традиции и маскирањето на Балканот со што ќе остане и пишан документ, а веќе на овој карнев ни пристигнаа организирано и туристи од Бугарија, прв пат со што ефектот се развива и карневалскиот туризам, рече Георгиев.
Низ булеварот „Гоце Делчев“ дефилираа, а на плоштадот „Методија Анднов Ченто“ се претставија маските од земјава и од странство. Здружението „Прочкари“ претстави и оригинална маска насловена „Астерикс и обелиск от Прилеп“.
Стручно жири ќе ги прогласи и најдобрите маски на годинашниов карневал, а според традициите утре во манастирот „Свети Ѓорѓија“ прилепските касапи кои се автори на препознатливата прилепска маска „мечкарите“ за гостите ќе го приредат традиционалниот посен ручек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Копенхагенските критериуми ќе не направат стандардна европска држава, ветото не е пријателски инструмент
-
Трошоците за живот зголемени за 2,6 % а цените на мало за 2,7 отсто споредбено со лани
-
ЈСП со две нови линии за Саемот на книга, „100“ и „200“
-
Кривична против кавадарчанец кој крадел од болница и верски објект
-
Запалил стан и викендица, поднесено обвинение за зетот на Зоки Фаци
-
Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала
-
САД и Кина почнуваат преговори за царините
-
Приведен малолетник во Куманово, украл мотоцикл