Прекршено примирјето во Сирија: Кај Дамаск борби меѓу сириските сили и бунтовниците
Сириските владини сили и нивните сојузници денеска во близина на Дамаск се судрија со бунтовниците, употребувајќи хеликоптери за гранатирање на реонот, нарушувајќи го најновиот прекин на огнот, што ноќеска на полноќ влезе во сила, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на соопштение на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Претставник на бунтовниците потврди дека дошло до борби во реонот каде сириската армија минатата недела почна офанзива за негово заземање, бидејќи тој обезбедува поголем дел од испораките со вода за престолнината.
По влегувањето во сила на постигнатото примирје, за кое гаранти се Русија и Турција, сириските владини авиони денеска извршиле најмалку 16 воздушни напади врз бунтовниците во северната провинција Хама.
Засега нема информации за жртви, дополни Сирискиот центар.
Ново на Сител
-
Продолжи судењето за „Онкологија“, денеска се слушаат искази на сведоци
-
Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него
-
21-годишник од Неготино криумчарел пет мигранти
-
Мицкоски: Првпат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата
-
Депонијата Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина
-
Жена од кавадаречко предизвикала пожар на отворено палејќи стари предмети
-
Турчин тешко повреден додека работел во фабрика во неготинско