-->
-->
Прекинот на огнот во Источна Украина стапи во сила од полноќ
-->
Од сношти е во сила прекин на огнот во конфликтната зона во Источна Украина, и засега се почитува од засегнатите страни, изјави пред новинарите министерот за одбрана на Украина Степан Полтора, пренесе ТАСС.
- Со задоволство изјавувам дека од полноќ не е регистриран ниту еден истрел (во зоната на конфликтот), рече тој.
Договорот за прекин на огнот во Донбас беше постигнат на средбата на Контакт групата на 26 август во Минск, во врска со почетокот на новата учебна година. Специјалниот претставник на претседателот на Организацијата за безбедносст и соработка со Европа, Мартин Сајдик посочи дека „тоа е заедничка иницијатива на сите учесници во Контакт групата".
Тој особено се осврна на формулацијата дека - примирието треба да биде трајно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Младите во ЕУ си заминуваат од домот на родителите на 26,2 години, во Македонија на 32,1 година
-
Приведен 54-годишен возач во Штип, управувал возило под дејство на алкохол
-
Данте стана најстариот играч во историјата на Лигата на Европа
-
ЦУК: Активни три, под контрола четири пожари
-
Продолжува лекарскиот скрининг на населението во Трубарево, вчера прегледани 111 лица
-
АБА лигата ќе има нов тим – доаѓа од Саудиска Арабија
-
Еурофарм Пелистер без рецепт за победа против ГОГ Гудме, поразен со 31:28
-
Меси осамен на врвот на листата голгетери во МЛС