Прекин во снабдувањето со струја во Козле
Прекин во снабдувањето со електрична енергија настана денеска во 15:50 часот за корисниците кои се напојуваат од трафостаниците кои се поврзани на 110 киловатниот далекувод Скопје 3 – Козле, во ТС Скопје 3, соопшти ЕВН.
Оттаму информираат дека на овој далекувод кој е во сопственост на ЕВН нема регистрирано дефект, туку не доаѓа електричната енергија од ТС Скопје 3 која е во сопственост на АД МЕПСО и потоа истата да се дистрибуира до корисниците.
Од ЕВН велат дека се утврдува која е причината за ова, но за да не останат корисниците подолг период без електрична енергија тие биле префрлени на други напојни точки. За 40 минути сите корисници повторно биле вклучени во дистрибутивната мрежа.
– Изминатите два дена во истата ТС Скопје 3 на АД МЕПСО реагираше заштитата при што во прекин беше 110 киловатна врска на ЕВН Скопје 3-Запад. Дел од корисниците од населбите Водно, Капиштец, Козле, Карпош 2, Ѓорче Петров, Влае, Тафталиџе, Сарај кратко време останале без електрична енергија. Екипите на ЕВН веднаш реагирале, а корисниците биле префрлени на други напојни точки и било нормализирано снабдувањето со електрична енергија, соопшти ЕВН.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска