-->
-->
Прекин на дуелот меѓу Работнички и МЗТ
-->
Дербито во Првата македонска кошаркарска лига меѓу Работнички и МЗТ Скопје е прекинато на стартот на второто полувреме откако навивачките групи на двата тима фрлаа голем број петарди и чадни бомби на паркетот.
Ова беше причина прво кошаркарите од Аеродром да се повлечат во соблекувалната, а потоа истото го сторија и домашните играчи.
Во еден момент реагираа и специјалните полициски сили, кои беа во салата.
Се очекува официјалните лица да донесат одлука за празнење на трибините, по што натпреварот би се доиграл без гледачи.
Во моментот на прекинот во 12. минута од средбата, МЗТ СКопје водеше со 30-13.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС
-
20-годишно момче од Охрид е втората жртва во тешката сообраќајка на патот Битола – Ресен
-
Николоски: Нови авиолинии од македонските аеродроми, годината ќе ја завршиме со двоцифрен раст на бројот на патници
-
Три активни пожари до 18 часот, 16 изгаснати
-
Утре седница на Советот за национална безбедност на Србија
-
Фицо ја суспендира воената помош за Украина
-
Пожар избил во возило во движење на патот Валандово - Дојран
-
Грчката полиција на аеродромот во Атина уапси маж кој проголтал 100 пакувања со кокаин