Преглед на вестите од светот
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на армијата да изведе силни напади во Појасот Газа, откако ја обвини организацијата Хамас дека го прекршила примирјето постигнато со посредство на САД. Изјавата беше објавена откако Израел соопшти дека борци на Хамас отвориле оган врз израелски војници во јужниот дел на Газа. Инцидентот се случи во услови на зголемена напнатост, откако Хамас предаде ковчег кој, според Израел, содржел само делови од веќе вратено тело на заложник.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац порача дека Хамас ќе плати „висока цена“ за нападот врз израелските војници во јужниот дел на Газа и за кршењето на договорот со кој требаше да се вратат телата на преостанатите загинати заложници.
Военото крило на Хамас објави дека го одложува враќањето на телото на заложникот. Хамас наведува дека овој потег е одговор на „кршењето на договорот за прекин на огнот од страна на окупаторот“. Прекинот на огнот се покажа како кревок. Примирјето се почитува. Тоа не значи дека нема да има мали престрелки тука и таму“, изјави потпретседателот на САД Ванс за американските медиуми
Американскиот национален центар за урагани објави дека „Мелиса“ ослабела во ураган од четврта категорија додека се движи преку северозападниот дел на Јамајка кон Куба. Максималната брзина на ветрот падна на околу 240 километри на час, во однос на 295 км/ч забележани претходно кога бурата беше од петта категорија. Ураганот е најсилниот досега забележан на земјата. Проценката на штетата предизвикана од ураганот „Мелиса“ на Јамајка би можела да трае со денови, па дури и со седмици.
Ураганот „Мелиса“, кој ја опустоши Јамајка, најверојатно ќе биде последен што го носи тоа име во Атлантскиот Регион, објавија метеоролозите. Имињата на тропските бури и урагани се користат повторно на секои шест години, освен ако некоја бура не предизвика толку голема штета или смртни случаи што името се повлекува од употреба. Со оглед на разорното влијание на „Мелиса“ на Карибите, се очекува името да биде пензионирано и заменето со ново што започнува со истата буква.
Обединетите нации претходно ја нарекоа „Мелиса“ „бура на векот“, додека премиерот Ендру Холнес предупреди дека ќе предизвика „катастрофална штета“.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
