Loading Video...
Свет
12. јуни 2025 - 16:42

Преглед на вестите од светот

Апокалипса во Индија. Авион со вкупно 242 лица се урна денеска, само неколку минути откако полетал. Официјалните власти ја потврдуваат веста за катастрофата.

На местото на настанот сцените се застрашувачки. Полицајци, доктори и волонтери од околината трагаат по преживеани, но извлекуваат и мртви тела од несреќата. Возила на службите за итни случаи се насекаде, а патиштата се блокирани. 

Во меѓувреме, дел од повредените се транспортираат до најблиските болници.

Од досега познатите факти, авионот кој се сруши е Боинг, еден од најмодерните во светот. Од компанијата „Ер Индија“ соопштија дека во авионот имало 242 патници и членови на екипажот. Од нив, 169 се Индијци, 53 Британци, 7 Португалци и еден Канаѓанец. 

Авионот на Ер Индија, полетал од западниот индиски град Ахмедабад, во 13.39 по локално време. Требало да слета на аеродромот Гетвик во Лондон, но се срушил во хостел за лекари само неколку минути по полетувањето. Опашката од авионот се уште виси во зградата каде се срушил.  До овој момент се уште е непозната причината за несреќа. 

Во меѓувреме, се огласи премиерот на Индија. 

„Трагедијата во Ахмедабад нè шокираше и нè растажи сите. Трагедијата е срцекршачка и неопислива. Во овој тажен час, моите мисли се со сите погодени од неа. Бев во контакт со министрите и властите кои работат на помагање на погодените“, напиша на социјалната мрежа Икс.

Меѓународниот аеродромот во Ахмедаб не е оперативен, а сите летови се откажани.  

Израел се подготвува да го нападне Иран, пренесува Њујорк Тајмс повикувајќи се на информации од американски и европски претставици. Ваквиот потег би значело нова дестабилизација на Блискиот Исток, но и загрозување на загрози напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за договор за спречување на Иран да развива нуклеарно оружје.

Загриженоста за можна израелска воена акција, како и можниот ирански одговор, го натера Вашингтон да повлече дипломати од Ирак вчера, но и да одобри доброволно повлекување на семејствата на американските војници од земјите на Блискиот Исток.

Не е јасно колкав би можел да биде израелскиот напад, но тензиите се зголемуваат со месеци, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика Трамп да го искористи она што Тел Авив го смета за момент на ранливост на Иран за напад.