Преглед на вестите од светот
Нови тарифи за увоз во САД. Претседателот Трамп најави удвојување на постоечките царини за увоз на челик. Новите царини во сила треба да стапат од 4 јуни.
Трамп на 10 февруари донесе наредба со која воведе царини од 25% за увозот на челик во САД. Одлука кој во сила стапи еден месец подоцна.
Во меѓувреме, најавена е средба меѓу САД и ЕУ. В петок европскиот Комесар за економија, Валдис Домбровскис ќе преговара договор со САД. Сепак, тој вели дека преговорите се одвиваат во несигурна средина. ЕУ се обидува да направи договор со САД во обид да го намали притисокот врз европската економија.
Турските власти издадоа налози за апсење на неколку опозициски функционери во Истанбул и извршија рации во општини управувани од опозицијата.
Државните турски медиуми јавуваат дека издадени се налози за апсење на 47 луѓе, а досега приведени се околу 30. Полицијата изврши рација во општински згради, а опозицијата свика итен состанок во Истанбул. Акцијата е дел од поширока кампања против опозицита партија, чиј член е градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е во затвор од март, а неговот апсење предизвика протести ширум државата.
Хамас мора да го прифати договорот за заложници во Газа. Израелскиот министер за одбрана се закани дека во спротивно Хамас ќе биде унштен. Ова доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека договорот за прекин на огнот е многу блиску.
Во меѓувреме, Обединетите нации предупредуваат дека целото население во Газа е во опасност од глад. Според официјалните информации, речиси 55.000 луѓе ги загубија животите во Газа.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар