Loading Video...
Свет
23. March 2025 - 16:46

Преглед на вестите од светот

Папата се појави во јавност за прв пат откако беше хоспитализиран

Папата Франциск  ја напушти болницата Џемали во Рим  и се врати во Ватикан.  Пред да излезе од установата во која пет недели се лекуваше од сериозна респираторна инфекција,  88 гоидшниот Франциск  се појави на балконот од неговата болничка соба и ги поздрави насобраните верници. Тоа беше негово прво јавно појавување од февруари. Личниот лекар на папата рече дека  неговото здравје  се подобрува , но  дека на понтифот ќе му требаат уште најмалку два месеца за закрепнување. 

Турскиот суд донесе утринава одлука градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу да остане во притвор до судењето за корупција, како што претходно побараа обвинителите. Имамаоглу беше приведен во средата под обвинение за корупција и помагање на терористичка група, но тој ги негираше обвиненијата, нарекувајќи ги „политиќки мотивирани “ и повика на масовни протести низ Турција. Имамоглу е клучна опзоциска фигура и потенцијален противник на претседателот Ердоган на престојните претседателски избори. Апсењето не ја спречува неговата кандидатура и избор за претседател. Меѓутоа, доколку биде осуден за некое од обвиненијата против него, тој нема да може да се кандидира. Претседелот Ердоган  ги отфрли обвинувањата дека дејствијата против опозиционерот се политички мотивирани и инсистира судството да работи независно.

Продолжуваат нападите со безпилотни летала помеѓу Русија и Украина 

Продолжуваат нападите со бесиполните летала помеѓу Русија и Украина. Украинските власти сооштија  дека во напад со руски дронови на Киев загинале најмалку три лица, вклучувајќи и петгодишно дете додека руските власти информираа дека мета на украински  дронови бил  Ростов а загинало едно лице. Утре во Саудиска Арабија ќе се одржи  нова рудна разговори  САД-Русија и САД –Украина а во фокусот на состаноците запирање на нападите во Црното море.  

- Многу сакам конечно да се договори  прекинот на огнот, бидејќи нашите животи станаа многу комплицирани. Прво, тоа е постојан стрес да бидеме постојано нападнати. И второ, има економски дел од тоа, квалитетот на животот се влоши. Ако војната замрзне, тогаш постои надеж дека ќе донесе барем малку утеха,изјави Михајло Хрициук, жител на Киев.

- Би сакал конечно да постигнат некаков договор. Ќе продолжат да патуваат и да разговараат подолго време - зборувам за сите страни на конфликтот - додека обичните луѓе, обичните Украинци, обичните деца ќе страдаат. Затоа, би сакал разговорите да постигнат логичен заклучок за барем да се стави крај на нападите, вели Сергеј Коломиетс, жител на Киев.

Четири жртви во пожарите во Јужна Кореја

Најмалку 4 лица загинаа а шест се повредени во шумските пожари што беснеат во југоисточните региони на Јужна Кореја. Тројца од загинатите биле пожарникари. Над 1500 луѓе се евакуирани. Пламените јазаци збришале  над 6000 хектари шуми  а оштетени се неколку куќи и станбени згради. Работата  на пожарникарите ја отежнува  сувото и ветровито време.