Loading Video...
Свет
26. September 2024 - 13:03

Преглед на вестите од светот

Франција и SAD работат на склучување на 21-дневен привремен прекин на огнот меѓу милитантите на либанскиот Хезболах и.

Тоа се прави за да се даде време за пошироки Израел преговори, рече синоќа францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, пред 15-члениот Совет за зезбедност за ОН.

Баро напомена дека планот наскоро ќе биде објавен во јавноста. Тој ќе замие за Либан на крајот на неделата.

Израел ги прошири своите воздушни напади во Либан и во средата најмалку 72 лица беа убиени. Израелските воздушни напади оваа недела беа насочени кон лидерите на Хезболах и погодија стотици локации длабоко во Либан, додека групата истрела низа ракети кон Израел.

Израел собори проектилот што вооружената група Хезболах испукан кон Мосад во близина на Тел Авив, засилувајќи го конфликтот меѓу двајцата големи непријатели. Хезболах, кој е поддржан од Иран, тврдеше дека го гаѓал седиштето на Мосад со балистичка ракета.

Три лица беа ранети во една куќа во северен израелски кибуц за време на ракетен напад на Хезболах. Ранетите се евакуирани во болница во блискиот град Нахарија во близина на границата со Либан.

Светските лидери во меѓувреме изразија загриженост дека конфликтот - кој се одвива паралелно со израелската војна во Газа против Хамас - брзо се интензивира бидејќи бројот на загинати во Либан се зголеми и илјадници луѓе ги напуштија своите домови.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги отфрли напорите на Кина и Бразил за ставање крај на руската војна во Украина, поставувајќи прашања зошто тие предлагаат алтернатива на неговата формула за мир и предупредувајќи: „Нема да ја зајакнете својата моќ на сметка на Украина. "

Украинскиот претседател планира во денеска во Белата куќа да му претстави „план за победа“ на американскиот претседател Џо Бајден.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп сака уште еднаш да се појави на местото каде што беше застрелан во неуспешниот обид за атентат во јули, пренесе ДПА. Тој беше на митинг во Северна Каролина, а испрати порака и  го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека земал милијарди долари од Соединетите Држави, а во исто време одбива да „склучи договор“ за ставање крај на руската инвазија од целосен обем.