Преглед на вестите од светот
Поранешниот претсдетел на САД и кандидат на републиканците на престојните избори за шеф на Белата куќа Доналд Трамп избегна нов атентат. Вчера попладне додека играл голф во Флорида, агентите на Тајната служба кои го обезбедувале Трамп забележале маж со автоматска пушка кој се криел во грмушките покрај теренот за голф. Тој бил на само 350 до 450 метри оддалеченост од Трамп. Агените пукале кон осомничениот, кој побегнал, но подоцна полицијата го уапсила 58 годишниот Рајан Весли Рут од Северна Каролина.
Истрагата ја води ФБИ. Рут постојано го критикувал Трамп на социјалните мрежи, а објавил и книга во која ги опишал своите напори да ја поддржи Украина во војната против Русија. По инцидентот, во писмено соопштение Трамп и се обрати на јавноста и истакна дека не е повреден, и се заблагодари на Тајната служба и локалната полиција за одлично завршената работа.
Ова е втор обид за атентат врз поранешниот претседател Трамп. Пред два месеца вооружен маж стрелаше кон него на предизборен митинг во Пенсилванија. Тогаш Трамп беше полесно повреден, а напаѓачот беше ликвидиран.
Бројот на жртвите во поплавите во Европа што ги предизвика циклонот Борис се искачи на 15. Шест лица загинаа во Романија. Петмина во Полска. Вкупно три лица загинаа во Австрија: загина пожарникар, а две лица се пронајдени удавени во своите домови. Една жрва има во Чешка. Делови од Австрија, Чешка, Унгарија, Романија и Словачка од четвртокот се погодени циклоното борис пропратен од невообичаено обилен дожд и силен ветер. Покрај поплавите, Бороси предизвика прекини на електричната енергија, принудна евакуација и оштетување на инфраструктурата а . Штетата “ допрва ќе се утврдува.
Германија почна засилени контроли на сите копнени граници на земјата а проверките имаат за цел да ја спречат илегалната миграција и да го намалат ризикот од терористички напади соопшти министесртвото за внатрешни работи на земјата. Германија се граничи со Полска, Чешка, Австрија. Швајцарија, ФРанција, Луксембург. Холандија, Белгија и Данска, земји кои се во Шенген зоната, како и Германија. Мерката ке важи најмалку идните шест месеци. Шенген зоната овозможува слободно движње беа гранични проверки а контролите на внатрешните граници се планирани само под одреди услови и се привремени. Мегутоа земјите членки сами одлучуваат дали тие услови се исполенти.
- Нашите контроли се многу флексибилни и зависат од ситуацијата, што значи дека не поставуваме класичен граничен пункт и дека не го проверуваме секое возило или секое лице. Наместо тоа, проверките се насочени кон возилата за кои се сомневаме за илегална миграција. Со тоа сакаме да ги сведеме непријатностите за патниците и преносот на стоки на минимум“.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар