Loading Video...
Свет
5. December 2023 - 16:32

Преглед на вестите од светот

Израелската армија објави дека нејзините сили  го опколиле бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на појасот Газа, тврдејќи дека Хамас го користи како база. На југ израелски тенкови и оклопни возила се приближуваат до градот Кан Јунис, кој е делумно евакуиран. Министерството за здравство во Газа соопшти дека утрово  во израелските воздушни напади на Јужна Газа, вклучувајки го и Кан Јунис загинале најмалку 50 палестинци. Веке нема безбедни зони во Газа  предупредија ОН додеа израелскиот премиер тврди дека војската вложува максимални напори за да избегне цивилни жртви. Израел подготвил план да ги поплави подмзените тунели во енкалвата со вода испумпана од Средоземното Море, потег чија цел е да се уништат тунелите и да се избркаат  борците од нивното подземно засолниште објави Волстрит Журнал, цитирајки американски официјални претставници. Израелксата војска минатиот месец поставила пет пумпи за вода во близина на бегалскиот камп Ал Шати во градот Газа, кои се способни да ги поплават тунелите во рок од неколку недели со испумпување на илјадници кубни метри вода на час во нив се вели во извштајот.

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе ги посети Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија. Работните посети на двете земји ќе бидат фокусирани на билатералните односи , израелско –палестинскиот конфликт, како и за намалувањето  на призводствот на нафта во рамите на ОПЕК во која е и Русија членка изајви портолрот на Кремњ, Дмитриј Песков. Еден ден подоцна, во четврток, Путин ќе биде домаќин на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во Москва.

Соединетите Држави нема да можат да продолжат да обезбедуваат оружје и опрема за Украина доколку Конгресот не одобри дополнително финансирање до крајот на годината, соопшти Белата куќа. Во писмото упатено до конгресните лидери, шефицата на Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа Шаланда Јанг тврди дека минатата американска помош резултирала со „значајни воени победи“ за Украина. Прекинувањето на протокот на американско оружје и опрема може да ја зглеми  веројатноста за руска воена победа  напиши Јанг во писмото до Конгресот.