Loading Video...
Свет
19. јуни 2024 - 19:52

Преглед на вестите од светот

Рускиот претседател Владимир Путин за прв пат по 24 години ја посети Северна Кореја, во официјална посета кај севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Двајцата лидери потпишаа договор за стратешка соработка. Договорот меѓудругото вклучува и взаемна помош во случај на агресија врз некоја од двете земји. Севернокорејскиот лидер изразил и поддршка за специјалната операција на Русија, како што Москва ја нарекува инвазијата врз Украина.

САД и Јужна Кореја тврдат дека имаат докази дека Северна Кореја ѝ доставила на Русија десетици балистички ракети и повеќе од 11.000 контејнери со муниција за употреба во Украина, а Ким за возврат побарал руска храна и струја, како и поддршка за севернокорејската вселенска програма.

Иако на самит пред девет месеци двете земји негираа дека склучиле договор за оружје, Путин денес ѝ се заблагодари на владата на Ким за нејзината поддршка.

НАТО планира да го зајакне своето партнерство со Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Јужна Кореја на самитот во Вашингтон следниот месец, при што генералниот секретар Јенс Столтенберг ги обвини Кина, Северна Кореја и Иран дека ја поддржуваат руската агресија на Украина.

НАТО е загрижено за можната поддршка на Русија за ракетната и нуклеарната програма на Северна Кореја, откако Владимир Путин ја посети оваа земја по пауза од 24 години.

Поради посетата на Путин во Северна Кореја, денеска се сретнаа и премиерите на Јапонија и Нов Зеланд, за да ја зајакнат безбедносната соработка и да ја одвратат Северна Кореја од унапредување на нејзината програма за нуклеарно оружје.

Грција предлага ЕУ привремено да ги прифати децата погодени од војната во Газа. Според грчкиот премиер Јоргос Герапетритис, Европа има должност да прифаќа деца повредени и трауматизирани од Газа се додека трае конфликтот, изјави грчкиот премиер во интервју за Ројтерс.

Тој бара партнери за проектот, кој вклучува привремено носење деца во Европската унија,а за идејата разговарал и со палестинскиот премиер.