Loading Video...
Свет
23. February 2024 - 16:39

Преглед на вестите од светот

Најмалку четири лица загинаа откако пожар од засега непознати причини синоќа зафати станбена зграда со 14 ката во шпанскиот град Валенсија. Информациите од спасувачките служби се дека 14 луѓе се повредени, од кои едно дете и шест пожарникари, а над 19 лица се водат како исчезнати. Пожарот избувнал на четвриот кат а за околу половина час ја зафатил целата зграда во која живелее околу 450 луѓе. За спасување на станарите од повисоките катови пожарникарите користеле и кранови. 

Ден пред втората годишнина од руската инвазија врз Украина, ЕУ и САД одобрија нови санкции против Русија. На листата на сакнционирани на ЕУ се најде рускиот министер за одбрана. Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел објасни дека новиот пакет рестриктивни мерки има за цел да го органичи пристапот на Русија до делови за беспилотни летала а со новите санкции  се опфатени 106 поединци и 88 компании, од кои дел се со седиште во трети земји, како што се Индија, Шри Ланка, Кина, Казахстан, Тајланд, Турција и Србија. Претседателот на САД, Бајден, изјави новите санкции против Москва ќе бидат насочени кон руските воено-индустриски комплекси и фабрики во трети земји кои го олеснуваат пристапот на Русија до стоката што таа ја сака. 

Американска компанија испиша историја со тоа што стана првата комерцијална фирма која слета вселенско летало на Месечината. Интуитив Машинс од Хјустон ноќеска го приземји својот робот, Одисеј, во близина на лунарниот јужен пол. Спуштањето траеше 73 минути.  „Одисеј“ е првото американско летало кое се спуштило на месечината од последната мисија на НАСА „Аполо“ во 1972. Одисеј  носи и шест научно –истражувачки инструменти на НАСА  со цел да собере податоци за лунарната средина, конкретно во карпестиот регион избран за место за слетување на мисијата Артемида 3 планирана за две години.