Преглед на вестите од светот
Бројката на загинати во урнатините на станбена зграда во градот Димер во регионот Киев според официјалните лица се искачи на 11. Екипите за итни случаи извлекоа неколку тела од урнатините во текот на ноќта. Во пребарувањата првично беше спасено едно дете, а подоцна уште едно и 79-годишна жена.
Акцијата за спасување привремено била прекината поради закани од нови напади. Во звоето вечерно појавување украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна:
„Зградата беше погодена од руски Шахед, во основа скалите беа разнесени. Спасувачките напори се попречени поради постојаните нови предупредувања за воздушен напад, нови закани. Доволно сили се распоредени на местото, доволно средства се во рацете на спасувачите. Повеќе од 130 луѓе се вклучени во акцијата. Операцијата во Димер ќе продолжи сè додека не се знае каде се сите луѓе (исчезнати). Денес, во регионот на Киев, имаше и напад врз Вишњево, врз обична продавница за храна. Три лица беа убиени, 13 беа ранети. Во округот Била Цертрква, еден Шахед погоди зграда. Постојан руски терор. Постојана злоупотреба и за целиот овој терор, ќе дојде нашата апсолутно заслужена одмазда.“
„Следната недела треба да биде плодна во однос на поддршката за Украина. Треба да се одржат состаноци на министерот за одбрана со партнерите. Подготвуваме она што треба да стане ново ниво на одбранбена соработка со партнерите.
Товарен брод во руска сопственост, кој беше погоден од дронови во Балтичкото Море, е извлечен од финските води, изјави во недела финскиот претседател Александар Стаб. Финската војска соопшти дека нападот врз „Спарта II“ веројатно го извршила Украина и дека бродот подоцна отпловил во финските води.
„За жал, последиците од агресивната војна на Русија се видливи и во нашиот регион. Ќе продолжиме да работиме за стабилност и безбедност во Финскиот Залив“, рече Стаб во објава на X.
16-те членови на екипажот беа евакуирани на близок руски брод. Еден член на екипажот беше полесно повреден.
Морнарицата на иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека два супертанкери кои транзитирале по „неовластените“ рути во Ормускиот теснец експлодирале откако удриле во поморски мини. По експлозиите тие и се запалиле. Танкерите за нафта, кои не ги почитувале упатствата објавени од иранските поморски сили, биле запрени.
Во соопштението се вели дека бродовите ги исклучиле своите системи за идентификација и навигација и влегле во „забранетиот“ регион источно од водниот пат, непочитувајќи ги претходните предупредувања.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
