Преглед на вестите од светот
Новата покана до земјоделците за средба со грчкиот премиер, е упатена и најверојатно ќе биде прифатена и состанок меѓу нив и премиерот Мицотакис ќе се одржи, во премиерската палата, јави дописничката на МИА од Атина. Се очекува во текот на викендот, земјоделците од цела Грција да одржат нов состанок во пресрет на евентуалната средба со Мицотакис.
Грчката Влада детално ги објасни мерките за поддршка на земјоделците, и уште еднаш посочи дека од 27 барања на земјоделците, 16 се исполнети или се третираат позитивно, четири се разгледуваат, додека пак седум се или вон буџетската или вон европската рамка, но земјоделците изразија незадоволство. Протестите на земјоделците во Грција траат веќе 40 дена, а блокирана е целата национална патна мрежа, споредните патишта и клучните патни правци во Грција, како и граничните премини.
Руски беспилотни летала нападнаа цели во Киев рано во петокот (9 јануари), при што загинаа четири лица, беа повредени најмалку 19 и беше нанесена значителна штета на живеалиштата и инфраструктурата. 14 од повредеите се лекуваат во болница. Еден од загинатите е лекар од итна медицинска помош кој пристигнал во стан во предградието погоден од два беспилотни летала по ред. Четири члена од истиот екипаж беа повредени во истиот инцидент.
Воздушна тревога беше на сила во главниот град пет часа.
Украински Днепар остана без струја откако руските напади ја таргетираа енергетската инфраструктура. Украина се подготвува за постудено време подоцна оваа недела, за кое премиерката Јулија Свириденко рече дека веројатно ќе ги зголеми прекините во снабдувањето со електрична енергија и греење. Во Днепар пред почетокот на војната живеаја околу еден милион жители.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон ги обвини САД со трговските договори и безбедносни политики им го свртиле грбот на своите партнери. Според него, големите сили се во искушение да го поделат светот.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
