Преглед на вестите од светот
Во Брисел се одржува Самит на ЕУ, чија главна тема е обзбедување финансиска подршка за Уркаина за следните две години. Украина може да остане без пари уште во второто тримесечје од 2026.
- Зборуваме за 137 милијарди евра што се неопходни. се обврзавме да покриеме две третини од тоа со 90 милијарди евра.Денес мора да најдеме решение. Урсула фон дер Лајен, претседателка на ЕК.
Членките на ЕУ разгледуваат две опции при што се преферира користењето на замрзнатите руски средства како заем за Украина. Постојат 210 милијарди евра руски средства што се замрзнати во земјите-членки на ЕУ. Најголем дел од овие средства, 185 милијарди, се во белгискискаат клириншка куќа „Евроклир“, па Белгија најгласно се противи на оваа идеја зашто стравува од тужби од Русија, кои веќе се најавени. Против е и Унгарија. Другата идеја, поддржана од Белгија, е ЕУ да позајмува пари на меѓународните пазари. И оваа идеја е неприфатлива за унгарија. Премиерот на Унгарија дециден ЕУ не треба да дава повеке пари на Украина.
- Давањето пари значи војна. Целата идеја е глупава да се одземат парите на некого. Постојат две земји кои се во војна, да. Тоа не е Европска Унија. Тоа се Русија и Украина и некој, Европската Унија би сакал да ги одземе парите на една од различните страни, а потоа да ги даде на друга. Тоа е марширање во војната. Значи, белгискиот премиер е во право. Не треба да го правиме тоа, изјави Виктор Орбан, премеир на Унгарија.
- Или пари денес или крв утре. И не зборувам за Украина таму. Зборувам за Европа. И ова е наша одлука. Мислам дека сите европски лидери конечно мора да се издигнат на висина на задачата. И ова е сè што можам да кажам денес, изјави Доналд Туск, премиер на Полска.
Вашингтотн е против ЕУ да ги користи замрзнатите руски средства за Украина.. Нова рунда преговори за ставање крај на војната во Украина ќе се одржи викендов во Мајами, со учество на делегации од САД, Русија и Украина.
Хасо во Албанскиот парламент.
Пратениците од опозицијата, предводени од Демократската партија, влегоа во физички судир со собраниското обезбедување, запалаја факели и димни бомби, прскаа вода врз претседтаелот на парламентот и ги зазаедоа местата резервирани за министрите во обид да ја прекинат седницата, пред полицијата да интервенира. Запалиј и постер со ликот на премиерот Еди Рама.
Причина за ескалацијата е барањето на опозицијата владејачкото мнозинство да го укине пратеничкиот имунитет на вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку. Специјалното обвинителство за гонење на корупција и организиран криминал (СПАК) поднесе обвинение против Балуку и побара од Собранието да го одземе нејзиниот имунитет со цел нејзино апсење под обвинение за корупција, но владејачкото мнозинство го одбива укинувањето на имунитетот на Балуку.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
