Преглед на вестите од светот
Сирените повторно не им дадоа мир на граѓаните на Киев. Руските сили го нападнаа градот рано утрово предизвикувајќи пожари во најмалку две станбени згради и убивајќи две лица. Нова воздушна тревога беше прогласена во главниот град по 5 часот наутро (по локално време. Службите за итни случаи соопштија дека имало сериозна штета на на делови од згради, но пожарот е ставен под контрола. Седумнаесет лица се спасени. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, пријави прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода во некои области.
Русија во последните 24 часа ги одбила украинските напади од северозападниот дел кај Покровск, стратешки град во регионот Донецк, додека украинските сили соопштија дека уништиле повеќе руски тенкови, беспилотни летала и друга воена опрема. Украинските сили ги одбија руските напади во насоките на Курск, Купјанск и Лиман.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник изјави дека предложениот мировен план, кој сега е во фаза на дискусија со САД и Европа, вклучува „точни“ точки, но чувствителните прашања треба да се дискутираат со американскиот претседател Доналд Трамп. Ова е навистина правилниот пристап. Чувствителните прашања, најделикатните точки, ќе ги разговарам со претседателот Трамп.“ Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека не е закажана средба меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и украинскиот претседател, Володимир Зеленски, оваа недела.
Тренерот на Портланд Треил Блејзерс, Чонси Билапс, се изјасни за невин во федералниот суд во Бруклин во понеделник во обемна кривична постапка во која членот на Куќата на славните на НБА е обинет за заговор со мафијата за местење нелегални покер игри. Обвинението се одржа за време на сослушувањето на сите 31 обвинети во случајот. Поранешниот бек на Кливленд, Дејмон Џонс, исто така беше обвинет во случајот, заедно со наводните членови на организираните криминални семејства на Ла Коза Ностра од Њујорк. Сите се изјаснија за невини. Од НБА лигата меѓу обвинетите е и бекот на Мајами Хит, Тери Розиер. Сите се изјаснија како невини.
Поплавите низ девет провинции во јужен Тајланд одзедоа 13 животи, а речиси два милиони луѓе беа погодени, соопшти вденеска агенцијата за управување со катастрофи на земјата. Локалните власти наредија евакуација во низинските области за да се намалат загубите додека продолжуваат обилните дождови. На агенциите им е наложено да обезбедат персонал, опрема и помош.
Античка Олимпија организираше итна проба во понеделник за палењето на пламенот на Зимските олимписки игри Милано-Кортина во 2026 година. Ова од причина дека организаторите се подготвуваат за лоши временски услови кои би можеле да ја нарушат официјалната церемонија во среда. Пламенот запален во понеделник ќе служи како резерва. Со оглед на облачноста и можната прогноза за дожд. Церемонијата во можно е да се преместат во затворен простор во блискиот Археолошки музеј. Олимпискиот пламан до 4.декември ќе биде во Атина, кога со авион ќе замине за Италија, а патувањето ќе заврши во Милано на стадионот Сан Сиро каде и ќе биде запален на 6.февруари.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
