Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 31.074.026лица. Од нив починале 962.709 пациенти, а оздравеле 22.658.885 луѓе.
– Во изминатите 24 часа во Грција е намален бројот на нови случаи на Ковид-19, но е зголемен бројот на починати лица и пациенти приклучени на апарати. Според денешните податоци од Националната организација за јавно здравје, регистрирани се 170 новозаболени, починаа седум лица, а 78 хоспитализирани се приклучени на апарати, 13 повеќе од вчера. Од почетокот на епидемијата, заразени со коронавирусот се 15.142 лица, а починаа вкупно 338 лица.
– Министерството за здравство на Кипар соопшти 10 нови случај на Ковид-19, од 2.164 направени тестови во изминатите 24 часа, со што бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 1.600 лица.
– Во Косово во изминатите 24 часа се регистрирани две починати, 61 новозаболено и 119 излекувани лица од Ковид-19. Вклучително последните официјални статистики, во земјата од почетокот на пандемијата има 613 смртни случаи и 15.063 заразени од коронавирусот. Болеста ја совладале вкупно 12.570 лица, така што активни се 1.880 случаи.
– Во Црна Гора во изминатото деноноќие регистрирани се 226 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број на заболени се искачи на 8.612 луѓе. Пријавени се два смртни случаи, а од почетокот на пандемијата од последици од новиот коронавирус починале 136 луѓе. Во земјата во моментот има 3.208 активни случаи.
– Во изминатите 24 часа во Романија забележани се 1.231 новоинфицирани лица со Ковид-19 и 33 смртни случаи. Со тоа вкупниот број на пациенти во земјата се искачи на 112.781, од кои 4.435 луѓе починале од последици на новиот коронавирус.
– Во Германија за еден ден потврдени се 1.345 позитивни случаи, а две лица починале. Од почетокот на пандемијата во Германија заболеле 271.415 лица од кои 9.386 починале.
– Во Велика Британија денеска пријавени се 3.899 новозаболени лица, што е намалување на бројот на пациенти во однос на вчера кога беа забележани 4.422. поради пораст на бројот на новзаболени изминатите недели воведени се построги ограничувања во цела земја и неколку локални блокади.
– Во Украина во изминатите 24 часа забележани се 2.966 новозаболени со Ковид-19, со што вкупниот број на пациенти се искачи на 77.512. во истот период починаа 41 човек, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 3.557.
– САД и понатаму се на прво место во светот по бројот на инфицирани и починати луѓе од последици од новиот коронавирус. Во изминатите 24 часа регистрирани се 16.044 случаи, со што вкупниот број на заразени изнесува 6.983.447, од кои од кои 203.959 починале, а оздравеле 4.227.447 луѓе.
– По САД следи Индија, каде во изминатите 24 часа регистирани се 20.4511 новозаболени, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 5.418.681 лица. Во истиот период од последици од Ковид-19 починаа 152 лица, а вкупниот број на смртни случаи изнесува 86.926.
На трето место е Бразил со вкупно 4.528.347 заболени лица од Ковид-19 и 136.565 смртни случаи.
Ново на Сител
-
Папата Лав Четиринаесетти повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа
-
Приведен измамник од Велес, на интернет продавал наводно благословени предмети
-
Во МЕПСО им се барало мито на инвеститори, Мицкоски очекува наскоро да бидат обелоденети ваквите тврдења
-
Фрлил шише со запалива течност на влезна врата од казино во Чаир, пробал да го запали
-
Двајца основци од училиште кај Бит Пазар нападнале соученик со остар предмет
-
19-годишен возач со „БМВ“ удрил 81-годишен пешак во Тетово
-
Мицкоски: Не го знам името на новиот гувернер, ќе имам средба со претседателката
-
Каја Калас во петок во Скопје на средба со премиерот Мицкоски